Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Михаил Димитриевски се раздели со кратовски Силекс во очекување на својот прв интернационален предизвик.
23-годишниот Димитриевски имаше повеќе од квалитетна година настапувајќи на прволигашката сцена изминатава сезона во редовите на Работнички и кратовски Силекс. Неговите игри донесоа интерес на неколку екипи од соседството, но и од Кипар и Унгарија, кои посакуваат негов ангажман, сега како слободен фудбалер.
Димитриевски, како поливалентен фудбалер кој игра на повеќе позиции и во одбраната и во средниот ред, претходно во својата кариера има настапи и за Локомотва, Кит Го како и штипска Брегалница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
