Димитриевски во 91. минута одбрани пенал за бод на Гимнастик… (ВИДЕО)

Репрезентативниот голман Столе Димитриевски брани сезонава во извонредна форма во дресот на Гимнастик во Втората шпанска лига.

Димитриевски во 22. коло од Сегунда донесе бод за Гимнастик од гостувањето против Алмерија, откако во 91. минута му одбрани пенал на Верза…

Претходно, македонскиот репрезентативец во неколку наврати извонредно интервенираше поради што е прогласен и за играч на мечот.

Гимнастик со 25 бода е на 16. место на табелата, со четири бода повеќе од позициите кои носат испаѓање во понизок ранг на натпреварување.

Се вчитува...