Димитриевски: Во добра форма сме и оваа пауза доаѓа во лош момент

Столе Димитриевски, голманот на Рајо Валјекано во изјава за шпанските медиуми говереше дека не му се допаѓа тоа што сега дојде паузата во шпанскиот шампионат, поради Мундијалот во Катар.

Димитриевски, кој пристигна на собирот на националниот тим на Македонија денеска, досега во шпанска Ла Лига е со пет „чисти мрежи“, а на последните две средби неговиот тим го совлада големиот Реал Мадрид и одигра нерешено без голови со Селта.

„Не ми се допаѓа тоа што дојде паузата сега, во миговите кога сме во добра форма. Ќе се обидеме да ја задржиме оваа форма и после Светското првенство, но ова неиграње мислам дека ќе има влијание. Кај нас се надевам дека ќе биде позитивно“, рече Димитриевски.

Се вчитува...