Димитриевски во тимот на колото во Шпанија според „Марка“

Шпанскиот влијателен медиум „Марка“ го смести македонскиот голман Столе Димитриевски во најдобрите 11 на 5. коло во шпанска Ла Лига. Димитриевски е во „одбрано“ друштво заедно со Араухо, Валверде, Иско, Родриго…

Благодарение на одбраните против Валенсија, и победата од 2-1, Димитиревски е сместен во најдобриот тим на колото.

Добрата форма на Димитриевски од почетокот на сезоната го радува и селекторот Благоја Милевски пред натпреварите против Грузија и против Бугарија во последните две кола во Лигата на Нации.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARCA (@marca)

Се вчитува...