Димитриевски за „Марка“: Гимнастик ќе обезбеди опстанок

Македонскиот фудбалски репрезентативец Столе Димитриевски, кој е член на шпанскиот второлигаш Гимнастик, беше гостин на тиражниот шпански спортгски весник „Марка“, најавувајќи го дуелот против Овиедо од Секунда дивизион. Тој ја истакнува својата верба дека Гимнастик ќе успее да обезбеди опстанок во последните пет кола од шампионатот. Неговиот тим се наоѓа на 19.место на табелата со 42 бода и со неколку други тимови се бори да се искачи барем една позиција погоре, која носи и спас од најлошото.

dimitrievski marka

„Ова е тешка сезона за Гимнастик, но сите ние го даваме максимумот за да ги оствариме клупските цели и да го обезбедиме опстанокот. Веруваме дека ќе успееме во тоа, и тоа пред да се игра последното коло. Тимот тренира напорно и се подготвува за секое ново искушение. Овиедо е тим што се надева на пласман во плејофот за пласман во елитата, но ние играме на домашен терен и ќе сториме се за да ги освоиме трите бода“, најавува Столе Димитриевски во разговорот за „Марка“.

Се вчитува...