Димитријевиќ: Чувството да се биде сениорски репрезентативец е прекрасно

Ненад Димитријевиќ се појави на првата прозивка на селекторот Давитков за квалификациските натпревари против Словачка и Швајцарија. Талентираниот плејмејкер ќе има можност да дебитира во сениорскиот дрес, а вели дека во него има голема мотивација да помогне на националниот тим.

„Чувството да се биде сениорски репрезентативец за прв пат е прекрасно. Се чувствувам одлично, имам голема мотивација да придонесам за репрезентацијата, да помогнам во остварување на позитивни резултати. Според мене, мислам дека имаме големи шанси да бидеме први во оваа група против Словачка и Швајцарија. Треба да бидеме оптимистични, ако одиграме на високо ниво и на двата меча, можеме да обезбедиме победи“, истакна Димитријевиќ.

Се вчитува...