Димитријевиќ го доби „македонскиот дуел“ со Војдан во Шпанија

Помладиот Ненад Димитријевиќ го доби „македонскиот дуел“ против Војдан Стојановски во шпанското кошаркарско првенство. Хувентуд славеше на гости со 57-71 и стигна до осмата победа сезонава, со што е чекор поблиску до обезбедување на опстанок во елитното друштво.

Двајцата македонски кошаркари добија минутажа во своите тимови. Димитријевиќ постигна четири поени за 12 минути, а идентичен ефект имаше и Војдан Стојановски за 17 минути поминати на паркетот. Алберт Сабат со 22 постигнати поени беше најефикасен во победничкиот тим на Хувентуд.

Се вчитува...