Димитријевиќ и Хувентуд го растурија Билбао, не се откажуваат во битката за опстанок

Екипата на Хувентуд, во чии редови настапува и Ненад Димитријевиќ, одигра одличен натпревар и го декласираше Билбао со убедливи 84-56, на најдобар можен начин ставајќи до знаење дека нема намера да се откаже во битката за опстанок во шпанската кошаркарска елита.

Фактот дека мечот го стартуваа како „фенерџии“ на табелата само ги мотивираше Димитријевиќ и соиграчите да одиграат фанатично во одбраната, па во првата четвртина Билбао за десет минути постигна само четири поени (14-4). Хувентуд продолжи со добра игра до самиот крај, заслужено триумфирајќи со 28 поени разлика.

Македонскиот репрезентативец одигра осум минути од овој меч, период во кој погоди по една тројка и шут за два поени (без промашување), згора на тоа имаше и две асистенции и еден офанзивен скок.

Се вчитува...