Димитријевиќ и Хувентуд во победнички ритам

ФИБА се уште не се изјаснува за случајот Ненад Димитријевиќ по казната од страна на МКФ, а младиот плејмејкер во меѓувреме во силната шпанска лига покажува зошто важи за суперталент во нашата кошарка.

Хувентуд врза две победи во низа откако вечерва славеше на гостувањето против Бреоган со резултат 69-76, триумф во кој значајна улога имаше и Димитријевиќ. Македонецот влезе во игра пред крајот на првата четвртина, неговиот тим имаше и десет поени негатива, но Хувентуд успеа да се врати, а потоа во последните десет минути и резултатски да се одлепи и да стигне до заслужена победа.

Нашиот интернационалец мина на теренот 15 минути, период во кој реализираше 12 поени, надополнети со четири скока и една асистенција (за цепелин).

 

Се вчитува...