Димитријевиќ меѓу најдобрите кај Баерн, но „Баварците“ немоќни во Барселона

Баерн Минхен ја заврши сезоната во Евролигата со пораз кај Барселона, која, пак, од деветата позиција продолжува во плејинот во најелитното кошаркарско клупско натпреварување. Шпанскиот тим беше пресилен за Баерн, го доби мечот со 97-62. Баерн имаше сили само за едно полувреме, а мечот беше решен во третиот период, кој Барса го доби со 26-5. Воедно, ова беше последниот натпревар во Евролигата како тренер на Светислав Пешиќ кој најави повлекување од функцијата тренер по крајот на сезоната.

На Баерн Минхен не беше доволна и одличната партија на Ненад Димитријевиќ, кој постигна 15 поени, што го направи втор најдобар стрелец кај „Баварците“ после Мајк кој постигна 17. Клајбурн со 22 поени беше најефикасен на средбата.

Кошаркарите на Жалгирис со победија Париз, и се пласираа меѓу првите шест екипи во Евролигата. На крајот Литванците славеа триумф од 85-79. Монако беше подобар од Хапоел Тел Авив со 105-85, додека Дубаи беше поразен од Валенсија со 85-95.

Панатинаикос, пак, на домашен терен лесно го совлада Анадолу Ефес со 97-62, и се пласираа на седмата позиција во Евролигата.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...