Ненад Димитријевиќ добива значајна минутажа во дресот на Хувентуд, но младиот Македонец исто така и одлично си ја одработува задачата промовирајќи се во важен адут на тимот од Бадалона на стартот од оваа сезона.
Македонскиот плејмејкер одигра одлично и на денешниот дуел на домашен терен против Гипузкоа од Сан Себастијан, што неговиот тим го доби со убедливи 88-64. Димитријевиќ влезе во игра пред крајот на првата четвртина при резултат 17-20, набрзина постигна седум поени и го напушти теренот при „плус десет“ за Хувентуд (37-27). Хувентуд до крајот успеа и да ја зголеми позитивата за заслужена победа, втора за тимот на Бадалона во четвртиот натпревар сезонава.
Ненад Димитријевиќ одигра 17 минути, период во кој реализираше 11 поени (5/9 од поле), надополнети со три асистенции и еден скок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА