Димитријевиќ со одлична партија, Хувентуд сепак немоќен пред Реал Мадрид

Македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ одигра одлична партија во 4. коло од шпанската АЦБ лига на гостувањето против Реал Мадрид во кое неговиот Хувентуд сепак не успеа да се спаси пред моќната „кралска машинерија“ која славеше со 92-69.

Хувентуд одлично го почна мечот, парираше низ првите три четвртини но тотално потклекна во последниот период. Во последната четвртина се влезе со 65-60 за Реал Мадрид, за да домашните последните 10 минути ги добијат со повеќе од убедливи 27-9 за конечна победа од 23 разлика.

Димитријевиќ мина 25:42 минути на паркетот притоа издвојувајќи се како најдобар поединец во составот на Хувентуд со 15 постигнати поени (5/10 од шутот за два поени, и 1/3 за три поени) а дополнети и со три скока и две асистенции. Зад Димитријевиќ во тимот на Хувентуд беше Лапровитола со 12 постигнати поени.

Во победничкиот тим на Реал Мадрид најдобри беа Кампацо и Дек со по 15 постигнати поени.

Се вчитува...