Димитриоски како Дибиров – втор најубав гол во Шпанија (видео)

Димитар Димитриоски продолжува да импресионира во дресот на Валјадолид во силната АСОБАЛ-лига. Поранешниот ракометар на Вардар и Металург најпрвин минатата седмица постигна гол од цепелин за реми, а во последното коло со седум погодоци го предводеше Валјадолид во најновата победа.

Најубавиот од тие седум погодоци, „вртенката“ во стилот на Тимур Дибиров, беше избрана за втор најубав гол во Шпанија во текот на викендов…

Погледнете ја мајсторијата на Димитриоски, како дел од Топ 10 головите во 12. коло од АСОБАЛ-лигата.

Се вчитува...