Димитриоски се врати на тренинзите на Победа

Дефанзивецот на Победа, Денис Димитриоски се врати во полн интензитет на тренинзите на прволигашот од градот под „Марковите кули“.

Тој во изминатиот период имаше проблеми со задната ложа и го пропушти стартот на шампионатот за својата екипа, но се чини дека дојде крајот на неговите проблеми. Стратегот на прилепчани, Зоран Штерјовски оваа сезона мораше да прави различни рокади во одбраната на екипата, а со враќањето на Димитриоски, ќе добие квалитетно засилување на бековската позиција.

Со доаѓањето од Пелистер, Димитроски минатата сезона се покажа како еден од најдобрите фудбалери на Победа. Минатово лето го постигна одлучувачкиот погодок на тимот за влез во Првата лига против Љубанци (1-0).

Се вчитува...