Димитриоски во последната секунда го спаси Валјадолид од пораз (ВИДЕО)

Екипата на Валјадолид одигра нерешено 29-29 во шпанскиот шампионат против Анаитасуна. Херој на Валјадолид е македонскиот интернационалц Димитар Димитриоски кој постигна гол во последната секунда за израмнување и така го спаси својот тим од пораз.

Поранешниот ракометар на Металург и на Вардар од крилната позиција со цепелин успеа да го совлада противничкиот голман за голем бод и радост за Валјадолид.

Се вчитува...