Димитривски со најлуда голманска статистика во Европа: Македонецот има три жолти картони на пет меча

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски ја има најлудата голманска статистика во Европа, не поради чудесна серија без примен гол или поради огромниот број на одбрани, туку поради бројот од три жолти картони на само пет одиграни меча.

Ваквата бројка е уникатна во поновата историја на најсилните лиги, некој голман да добие три жолти картони за така краток период од безмалку еден месец откако почнала сезоната.

Димитриевски „пожолте“ со Барселона во ремито 0-0 кога блескаше на голот, потоа во победата со Еспањол со 2-0, исто така во Каталонија, како и на завчерашниот меч во победата со Валенсија со 2-1.

Во сите случаи во трите меча, доби жолт картон за задржување на време. Но, интересно е што секојпат кога ќе пожолти, Рајо Валјекано не губи.

Аналитичарите додаваат дека во двата меча на кои Димитриевски нема жолт картон, Рајо загубил. Со Мајорка дома со 0-2 и со Осасуна во Памплона со 1-2.

Се вчитува...