Димитровски: Работнички сака хепиенд и во Кратово

Работнички го очекува трето последовно гостување, откако нанижа две победи против Шкупи на Чаир и против Ренова во Тетово. Утре составот на Баже Лазаревски гостува во Кратово и ќе ги одмери силите со Силекс. „Романтичарите“ сакаат да има хепиенд за нив и во Кратово.

„Атмосферата е многу подобра, сите сакаме победничката низа да продолжи и во Кратово. По добрите настапи против Шкупи и против Ренова, го знаеме рецептот за успех. Ќе се потрудиме да го повториме и во Кратово. Нема да биде лесно, Силекс е квалитетен тим, а потребни му се бодови затоа што се наоѓа во опасната зона на табелата. Но, и ние сакаме три бода и се надеваме дека можеме да оствариме излез на европска сцена“, изјави Владимир Димитровски за официјалниот сајт на клубот.

Мечот меѓу Силекс и Работнички ќе се одигра утре, со почеток во 16 часот во Кратово, а ќе го суди Димитар Мечкаровски.

Се вчитува...