Дин Аломеровиќ се врати во Работнички (ФОТО)

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Дин Аломеровиќ повторно ќе го облече дресот на Работнички, потврди клубот од Дебар маало.

Аломеровиќ кој игра на левата бековска позиција во Работничи доаѓа од редовите на шпанската Реал Баломпедика и се очекува да биде од голема корист за „романтичарите“ во сезоната. 24-годишникот претходно ги бранеше боите и на Вардар, Македонија ЃП и Еуромилк.

Се вчитува...