Динамично прво полувреме со Словенците: Без голови на пауза (ФОТО)

Македонската репрезентација игра без голови по првото полувреме на пријателскиот натпревар со Словенија на арената „Тодор Проески“ во Скопје во рамките на подготовките за ЕВРО 2020.

Во динамичен натпревар со можности и на двете страни, на крајот без постигнат погодок.

Првата посериозна шанса на мечот ја имаа Словенците, одлична соло-акција на Иличиќ минувајќи покрај неколку македонски дефанзивци, но шутот завршува покрај голот.

Убава шанса на спротивната страна, повторно низ соло-акција, имаше и Елмас но и неговиот шут од 16 метри заврши блокиран покрај голот на гостите. Уште неколку шанси на двете страни се издвоија во првите 45 минути, но без реализација.

Се вчитува...