Динамо Букурешт заинтересиран за Имран Фетаи

Тетовска Шкендија на почетокот на новата сезона би можела да остане без столбот во одбраната Имран Фетаи. За репрезентативецот на Македонија има интерес од романскиот тим Динамо Букурешт, кој е во преговори со тетовската екипа за ангажман на младиот стопер.

23-годишниот Фетаи со добрите игри минатата сезона во ПМФЛ и во Лигата на Конференции, се наметна и во репрезентацијата на Македонија, за која досега има три настапи, во бараж мечот со Ирска, а потоа играше и на пријателските натпревари против БиХ и Турција.

Досега во дресот на Шкендија одигра 44 натпревари, и има два гола, еден во првенството и еден во Купот на Македонија.

Се вчитува...