Динамо добил понуда од 5 милиони евра за Адеми

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми долги години е дел од Динамо, ги сруши сите рекорди по број на освоени трофеи во овој тим, а сега летово може да си замине и да брка нов предизвик. Како што објавуваат хрватските медиуми, до Динамо стигнала понуда од пет милиони евра, но се открива од кој клуб е оваа заинтересираност.

Понудата стигнала во понеделникот, пренесува „Јутарњи“, а за нив не е изненадување доколку Адеми летово го напушти „Максимир“.

„Не е никакво изненадување затоа што неуништивиот играч е многу квалитетен играч што и сега е чудо како кариерата не ја продолжи во странство и не е продаден за добра сума на пари“, пишува „Јутарњи“.

Сепак, тука се прашува и Динамо, односно дали тие 5 милиони ќе бидат задоволителна сума за Динамо да се откаже од својот капитен.

Јутарњи дури пушува дека тимот од Загреб веќе тргнува по негова замена, и дека изборот паднал на играчот на Осијек, Михаел Жапер.

Се вчитува...