Динамо добива кинески газди, а Мамиќ функција

Хрватскиот Динамо Загреб би влегол во редот европски клубови кои имаат кинески сопственици. Преговорите за купување на клубот се во напредна фаза, тврдат хрватските медиуми. Според информациите, Динамо кој сега функционира како здружение на граѓани, ќе биде трансформиран во акционерско друштво.

Купувачот наводно е голема и богата кинеска групација која во почетната фаза на Здравко Мамиќ и на неговите луѓе ќе им понуди останување во клубот. Мамиќ веројатно би добил позиција како советник или менаџер. Ова како што се тврди би било направено поради тесните врски на Мамиќ со играчите на Динамо. Продажбата би подразбирала и докапитализација на клубот што ќе биде направено според елаборат кој Динамо веќе го направил, а во кој основниот капитал на клубот е проценет на околу 30 милиони евра.

Динамо Загреб оваа сезона е на прагот да ја варати шампионската титула откако Ријека една година ја прекина доминацијата на “модрите”.

 

 

Се вчитува...