Динамо избра: Стефан Ристовски има нов тренер

Динамо Загреб експресно ја финишираше потрагата по нов тренер, а изборот падна на Игор Бишчан поранешниот хрватски репрезентативец и фудбалер на Ливерпул. Бишчан во последните години успешно ја извршуваше функцијата селектор на младинската репрезентација на Хрватска со која обезбеди и учество на ЕП 2023, а по кратки разговори младиот стратег ги прифати понудените услови.

Се очекува во најскоро време Хрватската Фудбалска Федерација да се договори со Ивица Олиќ за екс-голгетерот да го наследи Бишчан во младинскиот национален тим, по што ќе следи и официјализацијата на овој тренер на „Максимир“.

44-Годишниот Бишчан своевремено како фудбалер настапуваше за Динамо Загреб и важеше за миленик на навивачите, што беше и еден од клучните фактори во трката со Ненад Бјелица, кој на крајот извиси за камбек на клупата на Динамо.

Се вчитува...