Динамо Минск во драма, по пенал-рулет, го елиминираше Силекс (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ниту победата во првиот меч во Бугарија не беше доволна за Силекс да обезбеди следна фаза во Лигата на Конференции. Кратовскиот тим донесе предност од 1-0, но со истиот резултат Динамо Минск победи на ТЦ „Петар Милошевски“ во Скопје, и после продолженијата остана истиот резултат, а потоа преку пенали клучна беше шестата серија во која Силекс промаши, а Динамо реализираше за конечен триумф.

Малашевич во 17. минута со чуден гол по центаршут од левата страна, го совлада Џеков, и така доенсе израмнување во вкупниот резултат.

Динамо имаше шанси и на почетокот, а потоа и преку Варданијан, но не успеа да погоди. Хасукиќ имаше шанса во финишот на првиот дел да израмни, меѓутоа неговиот обид со глава заврши само крај голот.

Во второто полувреме Силекс заигра далеку подобро, а преку Велиновски имаше шанса да дојде до посакуваниот гол. Меѓутоа напаѓачот на Силекс излезе сам пред Шимаковиќ, а голманот на Динамо Минск успеа да одбрани.

Во продолженијата немаше промени, па се изведуваа пенали.

Стрелците беа сигурни се до шестата серија, кога Тимовски ја погоди пречката, а Калинин успеа да погоди во мрежата на Џеков, и така да донесе победа од 6-5 и да го однесе својот тим во 2. квалификациско коло и до дуел со Нефчи Баку.

 

Се вчитува...