Динамо Минск славеше во Скопје против Силекс со 0-1, со истиот резултат со кој и кратовскиот тим победи на „гости“ во Бугарија, па така сега преку продолженија и евентуално пенали ќе се бара патникот во следната фаза.
Малашевич во 17. минута од средбата го постигна единствениот гол со кој Динамо има предност од ТЦ „Петар Милошевски“ во Скопје со 0-1 по првиот дел.
Малашевич од левата страна упати остар центаршут на петерецот, никој не ја зафати топката, и таа заврши во мрежата.
Динамо имаше уште една шанса преку Варданијан, но и Силекс се закани преку Хасукиќ, откако неговиот обид заврши милиметри крај голот.
Во вториот дел Силекс беше далеку подобар ривал. Најдобрата шанса ја имаше Велиновски во 71. минута кога излезе сам пред гголот на Динамо, но голманот на гостите одлично интервенираше.
Така Динамо Минск на крајот запиша минимална победа, па сега на ТЦ „Петар Милошевски“ ќе се играат продолженија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
