Динамо Москва повторно во акција за Ристовски, можен трансфер во јануари

Динамо Москва и натаму не се откажува од ангажман на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски. По првиот неуспешен обид изминатово лето, Русите повторно во јануарскиот преоден рок како една од своите први желби го спомнуваат името на македонскиот фудбалер.

Дефанзивецот на Спортинг Лисабон апсолутно не е во комбинација кај тренерот Рубен Аморим, поради што единствено решение е продажба во јануари.

Како што е познато од претходно, Динамо Москва нуди три милиони евра за откуп на правата за Стефан Ристовски од Спортинг Лисабон.

Се вчитува...