Долго време се зборува дека хрватскиот дефанзивец Јосип Шутало ќе го засили Ајакс. Сега е време трансферот да се реализира. Се чека само реваншот од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, по што Шутало од Атина ќе се упати кон Амстердам на комплетирање на тренасферот.
Холандските медиуми јавуваат дека Шутало во недела ќе пристигне на аеродромот во Амстердам, а потоа ќе ги мине лекарските прегледи. Хрватот треба да дојде во Ајакс како замена за Јуриен Тимбер, кој замина во Ајакс.
Трансферот на Шутало во Ајакс ќе биде четвртиот највисок во историјата на Динамо Загреб. Се претпоставува дека Динамо ќе заработи околу 30 милиони евра, односно 25 милиони веднаш, и пет низ бонуси, како и процент од идна продажба.
Шутало ќе го надмине трансферот на Лука Модриќ во Тотенхем. Пред него ќе останат само Јошко Гвардиол кој беше продаден за 36,8 милиони евра, потоа Пјаца за 29,4 милиони и Олмо за 29 милиони. Динамо и натаму заработува од трансферите на Хрватите во Европа. Таква беше ситуацијата и со Гвардиол, кога со неговиот трансфер во Манчестер Сити, „модрите“ инкасираа некаде меѓу 10 и 15 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА