Динамо Загреб е машина за правење пари – продава уште еден фудбалер за 20 милиони евра

Динамо Загреб е пример како треба да функционираат спортските клубови во регионот, откако хрватскиот гигант продолжи со продажбата на своите најдобри играчи и огромна заработка од трансферите.

Оршиќ на 30-годишна возраст беше продаден во Саутемптон за почетни осум милини евра, но крилниот офанзивец нема да биде единствениот играч што ќе си замине од „Максимир“ во јануари. Хрватските медиуми најавуват дека следен на листата за заминување е Јосип Шутало.

За 22-годишниот дефанзивец се интресираа елитни клубови од Италија, но сега во трката се вклучи и францускиот прволигаш Монако. „Кнезовите“ го продадоа Бадијашил во Челси и сега бараат нов одбранбен играч, а високо на нивната листа со желби е токму Шутало. Според овие информации, Динамо би заработил најмалку 20 милиони евра од трансферот, но би имал и значителен процент од наредната продажба на Шутало.

„Јосип е среќен во Динам, но јасно е дека неговата репутација во светот на фудбалот расте. Го следат многу клубови, но само неколку од нив можат да ги исполнат финансиските барања на Динамо“, изјави агентот на Шутало, Марин Буле.

Се вчитува...