Динамо Загреб го продаде најдобриот фудбалер за 10 милиони евра

Динамо Загреб продолжува со одличните бизнис-потези откако актуелниот шампион на Хрватска даде зелено светло за трансферот на Мислав Оршиќ во Саутемптон, вреден вкупно десет милиони евра.

„Модрите“ минатото лето одбија 18 милиони евра од Барнли, Оршиќ остана и помогна тимот да стигне до титулата, а потоа и до место во ЛШ, по што управата му излезе во прсрет и дозволи тој да си замине од „Максимир“ на почетокот од новата година. Крилниот офанзивец има 30 години, па токму поради тоа и неговата цена опадна и покрај одличните настапи, како во дресот на Динамо, така и за хрватската репрезентација на СП во Катар.

Оршиќ стана најскап играч во историјата на Динамо продаден на возраст од најмалку 30 години. Само за потсетување, „модрите“ од стартот на сезонава го продадоа Фрањиќ во Волфсбург за 7,5 милиони евра, Јакиќ во Ајнтрахтза 3,5 милиони евра, додека за вкупно 3,2 милиони евра од „Максими“ си заминаа и Стојановиќ, Гојак и Андриќ.

Се вчитува...