Фудбалерите на Динамо Загреб веќе се во плеј-офот од Лигата на шампионите, откако со убедливи 4-0 го совладаа тимот на Кауно Жалгирис во првиот натпревар од третото квалификациско коло.
Хрватскиот првак откако едвај го мина тимот на Тун претходно, сега покажа сила и моќ, и славеше убедлив триумф.
За само две минути во првиот дел, Динамо стигна до 2-0. Зајц во 31. минута донесе предност, а во 33. минута МекКена ја зголеми предноста.
Лисица во 51. минута донесе 3-0, а Стојковиќ во 76. минута зголеми на 4-0, а петиот гол беше дело на Качавенда.
Спарта Прага со 2-1 го совлада тимот на Лион, и му го загорчи пласманот на францускиот тим во групната фаза од ЛШ. По првиот дел Лион имаше предност, а во второто полувреме Рајнес и Меркадо донесоа пресврт. Толисо промаши пенал за гостите.
Бодо Глимт беше пред пораз од Ројал Унион на гостувањето во Белгија, откако губеа со 3-2 во 88. минута, но успеаја да дојдат до израмнување во првата минута од судиското надополнување.
3. квалификациско коло во ЛШ
први натпревари
Арарат Ерменија – Целје 2-1
Мјалби – Слован Братислава 1-2
Хапоел Бер Шева – Црвена Звезда 1-0
Левски – Каират 1-0
Динамо Загреб – Кауно Жалгирис 5-0
Олимпијакос – НЕЦ Нијмеген 0-0
Ројал Унион – Бодо Глимт 3-3
Спарта Прага – Лион 2-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
