Динамо Загреб го смени Петев на два дена пред стартот на сезоната

Раководството на Динамо Загреб на само два дена пред стартот на сезоната во хрватското првенсво се реши да му врачи отказ на Ивајло Петев. Бугарскиот стратег создаде хаос откако дојде во текот на ланската сезона и ја загуби титулата во домашното првенство. Се очекуваше тогаш Петев добие отказ, „модрите“ го задржаа на своето кормило и покрај притисокот од јавноста, па токму затоа изненадувачка е одлуката соработката да се прекине на 48 часа пред премиерниот дуел од новата сезона, во кој Динамо ќе се сретне со Истра.

Денеска спогодбено го раскинавме договорот со Ивајло Петев. Му се заблагодаруваме за соработката“ – стои во краткото соопштение на хрватскиот вицешампион.

Петев е првиот тренер на Динамо по 11 години што не успеал да освои ниту еден трофеј со најбогатиот хрватски клуб.

Динамо Загреб објави дека тренерот на тимот на стартот од новата сезона ќе биде Марио Цвитановиќ, додека не биде пронајдено перманентно решение за оваа функција.

Се вчитува...