Динамо Загреб продаде напаѓач во Франција пред дуелот со Шкупи

Напаѓачот на Динамо Загреб, Комнен Андриќ заминува од „Максимир“ на само неколку дена пред натпреварот со Шкупи. Тој прави трансфер во француски Клермонт, за околу милион евра.

Српскиот напаѓач дојде во Динамо од Интер пред три години. Тој одигра вкупно 53 натпревари и постигна 16 голови.

Со оглед дека Динамо Загреб ги имаше Петковиќ и Оршиќ, Андриќ не добиваше многу шанса, па замина прво на позајмица во Уфа.

Се вчитува...