Динамо Загреб продаде уште еден фудбалер, летово ќе заработи преку 40 милиони евра

Доминик Ливаковиќ вчера потпиша за Фенербахче, Лука Иванушец стана дел од Феенорд, претходно Јосип Шутало замина во Ајакс, а сега Динамо Загреб е на добар пат да продаде уште еден играч.

Напаѓачот Бруно Петковиќ е многу блиску да потпише со Трабзонспор. Тој денеска треба да ги помине лекарските прегледи и да стане соиграч со Енис Барди.

Според најавите, од сите овие играчи Динамо Загреб ќе заработи преку 40 милиони евра летово. Ако се има во предвид дека ќе инкасира одредена сума и од трансферот на Јошко Гвардиол од Лајпциг во Манчестер Сити, тогаш тимот на „модрите“ и тоа како добро ќе заработи ова лето.

Во Загреб веќе наголемо се зборува дека Динамо би можел да го врати македонскиот интернационалец Аријан Адеми.

Се вчитува...