Динамо Загреб со два гола во 95. и во 97. минута се спаси од нов резил… (ВИДЕО)

Динамо Загреб спречи нов резил во домашното првенство победувајќи против Локомотива со 2-1 со два гола во судиското продолжение во 13. коло од шампионатот на Хрватска.

Тимот на Аријан Адеми и Стефан Ристовски беше пред пораз откако гостите изненадувачки поведоа со голот на Туци уште во 4. минута и го чуваа водството во следните 90 минути.

Но, во 95. минута Батурина најпрво израмни на 1-1, а потоа во 97. минута Јапонецот Такуро Канеко донесе триумф за „модрите“. На тој начин, Канеко, се чини, го спаси од пораз и тренерот на Динамо, Сергеј Јакировиќ.

Адеми настапи до 85. минута на дуелот, а Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар за хрватскиот шампион.

Се вчитува...