Динамо Загреб со ново засилување за позицијата на Стефан Ристовски

Динамо Загреб конечно се активираше на пазарот и доведе ново засилување, и тоа на позицијата десен бек што тренерот Јакировиќ ја посочи како најпроблематичен дел од тимот.

Таму Јакировиќ на располагање го има македонскиот интернационалец Стефан Ристовски, но овој тренер на Динамо почесто го вклучуваше нашиот дефанзивец како дел од централната одбрана, поради што и инсистираше на нов десен бек во овој преоден рок. Таа „дупка“ во тимот денеска и официјално е зтворена откако е потпишан договор со Ронаел Пјер-Габриел, кој како слободен играч пристигнува од Нант.

Габриел ја почна кариерата во Сент Етјен, од каде во 2017 за пет милиони евра беше продаден во Монако. Сепак, кариерата не му се одвиваше според очекувањата, беше испраќан на неколку позајмици, за на крајот да заврши во Нант. Тој имаше 12 настапи за оваа екипа сезонава, но сепак доби зелено светло за да се пресели на „Максимир“ потпишувајќи договор со Динамо.

„Знам што е Динамо Загреб во хрватскиот фудбал, станува збор за респектабилен европски клуб. Слупнав само убави работи и верувам дека брзо ќе се адаптирам во новата средина. На навивачите им порачувам дека секогаш ќе давам се од себе во дресот на Динамо за да ги оправдам очекувањата на оние кои ме доведоа во клубот“, изјави Габриел по потписот со „модрите“.

Се вчитува...