Динамо Загреб „трие раце“: Оршиќ промовиран во Саутемптон

Досегашниот член на Динамо Загреб, и хрватски репрезентативец Мислав Оршиќ, потпиша 2,5 годишен договор со премиерлигашот Саутемптон. Офанзивниот играч, конечно, реализираше меѓународен трансфер откако во изминатите години имаше успешни настапи за Динамо, особено во европските купови, а му помогнаа и добрите настапи во националниот тим на последниот Мундијал во Катар.

Оршиќ немаше значајна интернационална кариера, откако играше за Целје, Јеонам, Чангчун, Улсан, а од 2018 година се врати во хрватскиот фудбал, во тимот на Динамо Загреб. Особено ќе се памети онаа негова партија против Тотенхем, кога Премиер-лигашот беше елиминиран на „Максимир“ со неговиот хет-трик.

„Се чувствувам среќно што сум тука. Подготвен сум и мотивиран и се надевам дека ќе му помогнам на тимот да ги оствари своите цели“, рече Оршиќ.

Се вчитува...