Динар: Франција секогаш оди на злато, дури и без Карабатиќ

Франција доживеа силен удар на неполни три месеци пред почетокот на СП 2019 откако актуелните светски прваци останаа без помошта на Никола Карабатиќ. Асот на ПСЖ беше опериран по повредата на скочниот зглобот и го очекува пауза од најмалку четири месеци од ракометните терени, но селекторот Дидие Динар им порача на своите ракометари дека тоа нема никакво влијание врз амбициите на „триколорите“ – да останат на врвот на светскиот ракомет.

И во минатото се соочувавме со проблеми со повреди, но ова е прв пат да бидеме без Никола за кого навикнавме да биде секогаш тука. Јасно е дека неговото значење за нашата репрезентација е огромно, но од друга страна, ние сме Франција и секогаш имаме обврска за врвен резултат, дури и кога сме без Карабатиќ. Ќе се обидеме со неколку различни опции да го покриеме овој проблем, сметам дека имаме неколку алтернативи, една од нив е играч што шутира со левата рака да ни биде среден бек. Едно е сигурно, претстојното СП е многу важно, не само во битката за златото, туку и како квалификациско првенство за ОИ во Токио“ – истакна Дидие Динар.

Францускиот селектор како можни опции зза наследник на Карабатиќ ги наведи Мае, Клер, Мелвин Ричардсон, но и Дика Мем, „бомбардерот“ на Барселона кој како десен бек тешко дека ќе добие позначајна улога крај Ремили, но Динар би можел да му даде нова улога како организатор на играта на „триколорите“.

Се вчитува...