Дир ја спречи Шифрин да испише историја во Шпиндлероф Млин

Германката Лена Дир е сензационална победничка на слаломската трка која денеска се возеше во чешкиот Шпиндлероф-Млин како дел од сезоната во Светскиот куп во алпско скијање.

Германката до победата стигна со вкупно време од 1:30.91 минута што беше за само шест стоти делови од секундата подобро од второпласираната Микаела Шифрин која иако беше прва по првата трка не успеа да стигне до победа и да го израмни рекордот на ленгедарниот Ингемарк Стенмарк од (86) победи во светскиот куп.

Подиумот го надополни младата Хрватка, Зринка Љутиќ која заостана 49 стотинки зад времето на победничката.

Се вчитува...