Дирекот спречи деби-гол на Чурлинов за Барнли кој во 98. минута изгуби триумф над ВБА (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов одигра квалитетен половина час во дресот на Барнли на гостувањето против ВБА во 8. коло од Чемпионшиплигата во Англија.

Чурлинов во игра влезе во 60. минута од средбата, а во 72. минута откако умешно украде топка покрај домашната одбрана имаше одлична можност за деби-гол во дресот на Барнли, но дирекот од голот на ВБА не дозволи негова радост.

Барнли имаше предност од 0-1 на натпреварот, по голот на Родригез уште од 30. минута, но домашните дојдоа до бод за конечни 1-1 во осмата минута од судиското продолжение со голот на Брендан Томас.

Се вчитува...