Директорот на МКФ до Столе Стоилов: Лани тебе АМС ти ја подари наградата „Спортист на годината“

Директорот на МКФ, Владимир Темелковски, му порача на ракометниот репрезентативец и капитен на РК Вардар, Стојанче Стоилов, кој ја освои европската титула со својот тим, дека Агенцијата за млади и спорт лани му ја подарила наградата за „Спортист на годината“. Тој посочува дека Стоилов се послужил со ситни интриги и манипулации за да собере поени и внимание на кратки патеки, откако ракометарот одлучи да ја напушти вечерашната церемонија на АМС поради „двојазичност“. Дел од наградените зборуваа на албански јазик, по што тој реагираше и си замина.

„Во спортот нема место за политика, расна и полова дискриминација или национализам но очигледно некој спортисти го заборавиле Најважното и светото спортско мото, Дека во спортот нема раса, религија или националност. 
Во спортот сите се еднакви, а победуваат нај упорните и најпосветените, а за оние кој што предвремено се откажуваат и презентираат омраза и нетолеранција, не им е местото во спортот.
Срамен и низок чин денеска од поранешен добитник на најсветата награда Спортист на годината и огромна навреда за сите присутни спортисти и добитници.
Нека му е на чест наградата која што му ја поклони АМС минатата година, за која што гласаа и Македонци и Албанци и Роми и Власи и нека ја чува гордоста за на теренот, а со вакви ситни интриги и манипулации ќе собере само поени и внимание на кратки патеки…“, напиша Владимир Темелковски во статус на Фејсбук.

 

Се вчитува...