Дирк Новицки го престигна Мелоун на вечната листа 

Најдобриот европски кошаркар во НБА лигата, Дирк Новицки, го одигра 1477.натпревар во најсилната кошаркарска лига во светот.

Германскиот кошаркар во дресот на Далас маверикс со овој меч го престигна легендарниот Карл Мелоун, кој сега е напеттото место на вечната листа во НБА лигата.

Пред Новицки сега се само Џон Стоктон, Карим Абдул Џабар и Роберт Периш.

Во своите две децении во НБА, крилниот кошаркар има просек од 21,1 поен, 7,7 скока и 2,5 асистенции.

Се вчитува...