„Црвено-црна бомба“: Дисингер од Кил во Вардар

Вардар носи ново бундеслигашко засилување. Во „црвено-црниот“ табор наскоро треба да се приклучи бекот на Кил, Кристијан Дисингер. Германскиот репрезентативец денеска спогодбено го раскина договорот со Кил кој му беше со важност до јуни 2020 година и според најавите,  се сели во Вардар. Информациите се уште немаат официјална потврда, но неофицијално, како што дознава ЕКИПА, 26-годишниот Германец веќе се договорил со раководство на македонскиот шампион и се чека само формална потврда на трансферот.

„И покрај сите предизвици, поминав убави денови во Кил и не е лесно да се каже збогум. Но, неопходно е да го продолжам мојот напредок и да мислам на иднината“ – изјави Дисингер по раскинувањето на договорот со Кил.

Дисингер има 2.02 см, игра на позицијата лев бек. Во Кил дојде во 2015 година од тимот на Либек. Во својата репрезенативна биографија со Германија има злато oд ЕП 2016 во Полска и бронза од ОИ во Рио. Но, останува нотирано дека и после двата успешни настапи со репрезентацијата на Германија, во Кил се врати со повреди.

Интересен е и податокот дека германскиот бек беше пред трансфер во Вардар уште во 2013 година, дојде и на преговори во Македонија, но договорот отпадна во последен момент.

Се вчитува...