Низ супер-интересно второ полувреме во кое беа постигнати дури пет гола, Шкендија славеше против Брегалница со 4-1 во 3. коло од Првата македонска фудбалска лига, и со третата победа сезонава го запоседна осамена врвот на табелата во елитното друштво.
По едно мирно прво полувреме без голови, Шкендија во отворен фудбал на двете страни сосема заслужено дојде до триумфот и трите бода на дуелот кој се играше наа тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Трумчи донесе водство од 1-0 за тетовци во 61. минута, а веќе во 66. минута со голот на Красниќи беше и 2-0.
Потоа следеше вистинско ремек-дело, евро гол на Мартин Стојанов во 86. минута заа 2-1, со кој внесе неизвесност во последните минути од средбата.
Но, потоа уште два гола за Шкендија. Нзенге во 91. минута зголеми на 3-1, а Красниќи од пенал во 94. минута заокружи на 4-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
