Македонски планинари, членови на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово но и Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје за само осум дена, од 2. до 10. август го искачија највисокиот врв во Европа, Мон Блан.
Македонските планирани го освоија 4.810 метри високиот врв, а притоа освојувајќи уште два врва на Алпите – Брајтхорн (4.164) и Бишорн (4.153).
Предводник на експедицијата беше Надир Мурсели како водич и организатор, за кого ова беше петто освојување на Мон Блан. А, во групата беа и Јована Богоеска, Исак Синџировски и Александар Димитриевски, како и Никола Андоноски и Стоилко Стоичев од Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје, Слободан Димовски од Алпинистички клуб „Велесин“, Алма Халиловиќ и Аида Малишевиќ од Планинарско друштво „Височица“ од Сараево.
Како што информираат македонските планинари најголема препрека за нив биле климатските услови, како и ризикот кој владее при вакви потфати за кои е неопходна навистина квалитетна подготовка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
