Ниту Барса, ниту Реал – Веќе се навестува новиот клуб на Халанд!

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд постојано се поврзува со заминување од Манчестер Сити. Реал Мадрид и Барселона најчесто се спомнуваа како негови можни дестинации, но сега постои можност тој да ја продолжи кариерата во Баерн Минхен.

Ерата на Хари Кејн во Баерн завршува. Договорот на англиската ѕвезда истекува на крајот од оваа сезона, иако постои можност соработката да продолжи барем уште една сезона.

Сепак, во баварскиот тим веќе размислуваат за иднината. По Роберт Левандовски и Кејн, тие сакаат уште еден напаѓачки ѕвер во своите редови и се подготвени да направат се за да го придобијат Ерлинг Халанд.

Иако норвешкиот напаѓач најчесто се поврзува со Реал Мадрид и Барселона, тој на крајот би можел да заврши во Баерн. Барем така тврдат медиумите во Германија.

„За две или три години, норвешки ѕвер би можел да го преземе тронот“, објавува „Билд“.

Халанд многу добро знае што да очекува во Германија. Претходно играше за Борусија Дортмунд и изгледаше навистина врвно.

Се вчитува...