Пелистер не успеа да ја оправда фаворитската улога на стартот од новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, само ремизирајќи (1-1) пред своите навивачи со дебитантот во второлигашката конкуренција, екипата на Камјани.
Битолчани се спасија и од пораз со гол од пенал во последните минути од натпреварот.
Стрелец на голот за гостите од Камењане за водство од 0-1 беше Трпески во 31. минута од средбата.
И се до крајот на дуелот, „пелистерци“ никако не успевааа да постигнат гол, и покрај тоа што имаа 15 шута кон противничкиот гол, наспроти само два на Камјани.
Но, во 86.минута Мартин Мирчевски со удар од белата точка успеа да донесе израмнување и избегнување на непосакуваниот пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
