Дисингер: Навивачите на Вардар се број 1 во Европа

Кристијан Дисингер не го крие задоволството што ќе го носи дресот на Вардар, уште повеќе што зад себе ќе ги има најверните фанови на „црвено-црните“, кои според германскиот лев бек се најдобрите ракометни навивачи во Европа.

„По три години поминати во Кил, со сите подеми и падови, среќен сум што Вардар ми дава нова ракометна шанса. Кил има одлични фанови, но навивачите на Вардар се апсолутно број 1 во Европа. Јас навистина со нетрпение очекувам да ја запознаат ова земја, народот, културата, големите навивачи и целиот тим на Вардар. Ќе дадам сè за клубот и се надевам дека можам барем малку да придонесам во успешна сезона“ – истакна Дисингер.

Се вчитува...