Дисциплинската комисија при ФФМ на последната своја седница донесе одлуки по пооделните ситуации изминатите рунди натпревари во прволигашката и во второлигашката конкуренција.
ФК Шкендија Арачиново е казнета со 2500 евра поради слаба организација односно фрлање на предмети во терен присуство на неслужбени лица во службени простории вербален напад на судијата на натпреварот.
Поведена е дисциплинска постапка, против Македонија ЃП, поради слаба организација односно користење на пиротехнички средства и фрлање на предмети во терен на натпреварот од 3. коло во Втора МФЛ меѓу ФК Македонија ЃП-ФК Пелистер. А, Златко Ристов кондициски тренер на ФК Македонија ЃП се казнува со забрана на вршење на функција во траење од еден месец.
Поведена е дисциплинска постапка и против Шкупи 1927 АД поради слаба организација односно фрлање на предмети во терен на натпревар од 3. коло во Втора МФЛ меѓу екипите на ФК Шкупи 1927 АД-ФК Тетекс 1953.
Фудбалерот на ГФК Тиквеш 1930 АД, Лавал Емануел се казнува со забрана на настап на три натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
