Дисциплинска постапка против Љупчо Марковски и Дино Најдоски, одбиле да дадат и официјални изјави за исклучувањата на мечот против Шкупи

Фудбалската федерација на Македонија ќе покрене дисциплинската постапка против тренерот на Скопје, Љупчо Марковски и фудбалерот Дино Најдоски кои добиле исклучувања по завршувањето на вчерашниот натпревар со Шкупи од 5. коло во ПМФЛ.

По завршувањето на дуелот, поради неспортски однос кон официјалните лица на натпреварот, Марковски и Најдоски добиле исклучувања, откако непотребните инциденти на натпреварот стартуваа уште во 88. минута со исклучувањето на претставникот на Скопје, Игор Тодоровски.

Според официјалниот делегатски записник од вчерашниот натпревар на „Борис Трајковски“ – „исклучениот играч, тренерот и претставникот на ФК Скопје одбиле да дадат и официјални изјави за добиените црвени картони“. Согласно делегатот на натпреварот, одземени се и фудбалската легитимација на Дино Најдоски и тренерската легитимација на Љупчо Марковски по што ќе бидат доставени до ФФМ.

Дисциплинската комисија на ФФМ на својот состанок и официјално треба дополнително да ги одреди казните за Марковски и Најдовски кои беа незадоволни од случувањата на терен и делењето на правдата на вчерашниот натпревар против Шкупи кој заврши со убедлива победа на чаирчани од 4-1.

Се вчитува...