Дивац го отпушти поранешниот тренер на Сакраменто бидејќи го сакал Дончиќ

Поранешниот тренер на Сакраменто, Дрејв Џејгер добил отказ поради тоа што сакал на драфтот да го избере Словенецот, Лука Дончиќ. Џејгер инсистирал младиот Лука да дојде во Сакраменто, али Дивац имал други планови.

„Една од причините поради кои дојде до конфликт меѓу двете страни е таа што Дејв сакаше во Сакраменто да го драфтува Лука Дончиќ“, пренесуваат американските медиуми. 

Дончиќ на драфтот беше избран од Атланта Хоукс, но веднаш следуваше замена со Далас Маверикс, за кого Мавс го дадоа Тре Јанг. Сакраменто на драфтот во 2019 бираше пред Атланта и Далас, и наместо за Дончиќ и Јанг кои годинава ќе бидат дел од Ол-старот, тие го одбраа просечниот Марвин Бегли.

Се вчитува...